Граѓаните очекуваат договор меѓу власта и опозицијата


Уставни измени или предвремени парламентарни избори? Граѓаните очекуваат власта и опозицијата да се договорат за следните чекори по референдумот, но се согласни дека тоа нема лесно да оди.

Некои гласале „за“, некои против, но поголемиот дел од граѓаните што ги анкетиравме очекуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да постигнат договор по референдумот на кој не беше постигнат цензусот и покрај тоа што најголемиот дел од гласачите го поддржаа Договорот за името.

„Да биде позитивно. Мора, не можеме да седиме 27 години во оваа зачмаеност, треба да одиме напред“, вели Драган Величков.

„Очекував многу, ама изгледа ништо нема да биде. Малку тешко ќе биде, а може и ќе се договорат. Подобро да успее, јас сум оптимист. Но, како ќе заврши работата не ми е јасно баш“, вели Момчило Срнаков.

„Би требало да се договорат, а дали ќе успеат во тоа тие најубаво си знаат“, вели граѓанин.

„Сега гласот на еден пратеник некаде читав дека ќе се продава за неколку милиони евра. Е сега сè ќе зависи од тоа колку пари ќе им се нуди на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ или пак дали има меѓу нивните редови такви патриоти кои што и сакаат добро на својата земја за да се постигне бројот кој што е потребен за уставните измени“, истакнува Абедин Исмаили.

„Сега за сега е многу брзо за да се постигне тој договор, но како што сум информиран мислам дека на 8 октомври ќе почне да работи Собранието и до тогаш мислам дека ќе имаме некако договор“, смета Џевдет Емини.

Граѓаните очекуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Власта остана на ставот или усвојување на уставните измени за кои им е потребно двотретинско мнозинство во Собранието или предвремени парламентарни избори при што ќе се почитува обврската за техничка влада.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, испорачаа свои барања, ќе учествуваат на предвремени избори ако има нов јавен обвинител, анкетна комисија за нерегуларностите на референдумот и пржинска влада со мандат од 100 дена. Граѓаните со свои видувања и зошто не бил исполнет цензусот на референдумот.

„Не се сложувам со менување на името заради тоа гласав против другото не ме интересирало толку.“.

Причина зошто пропадна реферндумот е немаксималното ангажирање на политичките партии. Целата кампања беше фокусирана само во медиумите. Немаше директен контакт со граѓаните како што е случај за време на локалните или парламентарните избори, па и за претседателските избори. Значи кога се работи за интересите на политичарите или партиските интереси тие се залагаат повеќе“, додава Исмаили.

„Да гласав. Со моја иницијатива немаше никаков притисок од некого. Самиот излегов да гласам со надеж дека ќе и се приклучиме како земја на Европа за да имаме подобар живот за да имаат перспектива младите, бидејќи друг пат немаме. Не не воопшто не сум разочаран. Надежта не се губи, кога и да е Македонија мора да биде дел од ЕУ и договорот кој што се постигна во Преспа мора да се реализира“, истакнува Емини.

Политичкиот аналитичар Митко Гаџовски смета дека постои шанса уставните измени да поминат во Собранието.

„Не ја исклучувам таа можност од причина што ВМРО-ДПМНЕ има десет пратенички групи, кои според вчерашните насоки кои ги имаше дадено претседателот на партијата Христијан Мицкоски, односно со самиот негов став дека ќе го бојкотира гласањето, сепак одреден број на пратеници излегоа и гласаа. Внатре во ВМРО-ДПМНЕ има неколку групи кои различно го гледаат и толкуваат договорот и моментот пред кој се наоѓа Република Македонија, така што не ја исклучувам можноста сепак да се најдат пратеници кои што би гласале“, истакнува Гаџовски.

Изборите, како што најави власта би се одржале на 25 ноември, а треба да се распишат до среда 10 октомври.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG